Landing page

Добредојдовте на порталот за информации
за земја на потекло

Информациите за земјата на потекло (COI) се користат во постапките за утврдување статус на бегалец (RSD) или во постапки кои се однесуваат на други форми на меѓународна заштита. Точниот, доверлив, релевантен, актуелен, објективен, следен и транспарентен COI е централен за да се информираат носителите на одлуки за условите во земјите на потекло на барателите на азил и да им се помогне во утврдувањето на објективни критериуми за тоа дали барањето за азил е добро основано.

Сеопфатната COI има за цел да одговори на прашања за земјите на потекло кои се однесуваат на, на пример, социо-економските, правните, политичките, човековите права, конфликтот и хуманитарната ситуација, презентацијата на етничките групи и културните традиции во една земја во дадено време.

COI ги олеснува и поддржува процесите на донесување одлуки, но не ги диктира одлуките. Тоа е различно од насоките за земјата и правните проценки. COI претставува доказ во постапката за меѓународна заштита и е важен во правењето проценка заснована на факти за потребите за меѓународна заштита.

MACCORD обезбедува точни, релевантни и ажурирани информации за земјата на потекло на барателите на азил за време на постапката за утврдување статус на бегалец и во други постапки пред надлежните органи и судовите користејќи ги нарелевантните достапни информации и податоци.


Со користење на MACCORD може да ги добиете следниве услуги

  • Информации за земја на потекло на баратели на азил
  • Конкретни одговори од земја на потекло релевантни за индивидуален случај
  • Библиотека со информации на земја на потекло, избрано законодавство и меѓународни страндарди